INTIMINA нуди прва и сеопфатна линија на производи посветена на сите подрачја на женското интимно здравје.

Благодарение на долгогодишното искуство и стручниот тим, нашите производи се развиени според највисоките меѓународни стандарди за квалитет и безбедност со што се одржува и почитува рамнотежата на интимниот предел. Сите наши производи се направени од 100% медицински силикон, што значи дека се безбедни за телото, не предизвикуваат иритација или непријатни миризби и може да се користат многукратно што ги прави еколошки прифатливи.

Од првата менструација, преку бременоста, до менопаузата, INTIMINA е покрај тебе!

Lily Cup™

Чашката Lily Cup е идеално решение за сите жени со повисок цервикс и пообилен циклус.

  • Единствена чашка којашто може да се свитка со дебелина на тампон што го прави вметнувањето едноставно
  • Висок капацитет – соодветна за лесни и обилни менструации
  • Накосениот раб го спречува излевањето при отстранување
  • Дршка за едноставно отстранување
  • 8 часовна заштита и удобност
  • Достапна во две големини

Lily Cup™ Compact

Lily Cup Compact е склоплива менструална чашка и затоа е совршено решение за менструацијата кога си во движење.

  • Соодветна за жени со низок цервикс со лесна до средно обилна менструација
  • Склоплив практичен дизајн
  • Едноставна за отстранување
  • Доаѓа со кутивче за чување
  • 8 часовна заштита и удобност
  • Достапна во две големини

Lily Cup™ One

Lily Cup One е одличен избор за почетнички поради малата димензија, а големиот капацитет.

  • Склоплива – се чува во дискретно кутивче
  • Двоен раб против излевање
  • Прстен за едноставно отстранување
  • Една големина идеална за почетнички
  • 8 часовна заштита и удобност

Ziggy Cup™

Прва чашка со многукратна употреба која може да ја користиш за време на полов однос.

  • 100% медицински силикон
  • Двоен раб против излевање
  • 8 часовна заштита и удобност
  • Доаѓа со мека торбичка за чување

KegelSmart™

Femtech уред за сила која доаѓа одвнатре.

Револуционерниот KegelSmart е единствен уред кој ја отчитува силата на мускулите на карличното дно и го одредува нивото на вежби прилагодени на прочитаните резултати. Може да го користат баш сите жени бидејќи помага во контролата на мочниот меур, опоравување на карличното дно после породувањето по природен пат и го подобрува чувството за време на полов однос.

  • Ја регистрира брзината на одговор на дразбата (вибрацијата)
  • Ја бележи силината на контракцијата
  • Ја бележи можноста за задржување на контракцијата
  • Ги зајакнува мускулите на карличното дно
  • Тренингот трае само 5 минути дневно
  • Има врвка за полесно отстранување

Laselle™

Текчињата за правење Кегелови вежби се врвно решение за зајакнување на мускулите на карлицата.

Пронајди ја твојата внатрешна сила со помош на текчињата Laselle! Како и теговите во теретана кои ги користиш за останатите делови на телото, Laselle текчињата ти пружаат едноставен и безбеден трениг на мускулите на карлицата за долготрајна сила и отпорност!

  • Доаѓаат во три тежини кои може да се комбинираат
  • Изработени се од 100% медицински силикон
  • За сите возрасни групи
  • Лесни за користење и одржување
  • Имаат врвка за полесно отстранување
TOP