За Нас
Грижа за најинтимните потреби на жената
INTIMINA е шведски бренд кој ја нуди првата и единствена линија на производи посветени ексклузивно на сите аспекти од женското интимно здравје. Нашата мисија е да понудиме сеопфатна колекција на производи и информации за жените во секоја фаза од животот.
Од првата менструација, до менопаузата и потоа, INTIMINA е со тебе!
Во нашата посветеност на подобрување на интимната добросостојба, формиравме стручен медицински тим, па секој производ е развиен со совети и поддршка од специјалисти во областите од гинекологија до здравје на карличното дно.
Секоја фаза од производствениот процес е водена од суштинските вредности за квалитет и општествена одговорност. Сите наши материјали и компоненти се според највисоки стандарди – сите се тестирани за да бидат нетоксични и без фталати и да ги испонуваат со регулативите на FDA, CE и RoHs.
За секоја возраст и фаза од животот
Развиени ексклузивно за тебе
Производите на INTIMINA опфаќаат две клучни подрачја од интимната нега:
- Линијата за менструална грижа, прва од ваков вид, е линија на производи кои нудат самодоверба, хигиена и удобност каква што ти треба за време на циклусот
- Линијата за зацврстување на карличното дно е дизајнирана да им помогне на жените да спречат и надминат проблеми со карличното дно, како и да го тонираат и зајакнат интимнот предел.
На мисисја сме
INTIMINA е бренд кој се залага и за женските права, борба за рамноправност и ја поттикнува едукацијата и подигнување на свеста за важни теми.
Нашата визија е да им олесниме на жените, без разлика на нивната возраст или локација, да имаат пристап до сигурни информации и решенија за нивните потреби во интимното здравје.
Создадовме блог кој е извор на информации за здравје и добросостојба на жените и е напишан ексклузивно за жени заедно со експерти во гинекологија и здравје на карличното дно: www.intimina.com/blog/
Грижа за животната средина
INTIMINA е бренд кој се грижи за животната средина. Сите производи на INTIMINA се дизајнирани да бидат долготрајни и се создадени за да имаат значително намалено влијание врз животната средина. Без да се жртвува ефикасноста или вредноста на производот, нашите дизајнери и инженери постојано бараат нови начини за да го подобрат начинот на којшто работиме. Исто така, INTIMINA ги подобри своите производствени процеси за да ја намали употребата на материјали, енергија и вода и да го сведе на минимум создавањето на CO2, а производите се во согласност со директивите за електричен и електронски отпад.
Секоја корисничка на производите на INTIMINA придонесува во намалувањето на глобалното загадување, а истовремено се грижи за себе и за своето тело.