BBF – beginner’s best friend
Lily Cup One е тука за да им олесни на оние кои за првпат користат менструална чашка. Практична е и незабележлива, благодарение на дискретното кутивче со дополнително зацврстен раб со кој отворањето и затворањето е лесно како песна. Има и прстен за отстранување за да се погрижи да не се паничиш кога ќе треба да ја извадиш. Мислевме на сѐ.
МАЛЕЧКА. УДОБНА. КОМПАКТНА.
Твојот водич за користење
1. Свиткај
Држи ја основата на чашката, сплескај го отворот и преклопи ја на половина.
2. Вметни
Насочи ја чашката кон крајот на ‘рбетот и вметнувај ја нагоре додека да влезе дршката за отстранување.
3. Намести
Ротирај ја чашката во двете насоки или лесно повлечи надолу. Со прстот помини околу чашката да се осигураш дека е целосно отворена. Доколку чашката не се мрда, подготвена си!
4. Отстрани
Фати ја дршката за отстранување и нежно стисни ја основата за да го ослободиш вакуумот. Полека повлечи ја дршката и чашката е надвор!