Таа што се витка тенко како тампон

Lily Cup™

1,949.00ден

Тенка како тампон, ама подобра.

Lily Cup сосема ги менува правилата на игра! Благодарение на закосената форма што одговара на твојата анатомија, Lily Cup е единствената чашка што се витка тенко како тампон. Совршена е за оние кои имаат повисок цервикс или пообилна менструација, истовремено нудејќи целосна удобност за време на циклусот. Нејзиниот неверојатно мазен дизајн и закосен раб ти овозможуваат да ја користиш оваа менструална чашка до 8 часа без грижи.

Исчисти
SKU: Недостапно Категорија:

Дополнителни информации

Големина

A, B

Ги сакаме сите форми и големини.

 

Големина А

Ако не си родила или си родила со царски рез, оваа големина е совршена за тебе. Ова е совршена големина и за оние кои имаат средно обилна менструација.

Големина Б

Оваа големина се препорачува за жени кои родиле или за оние кои имаат послабо карлично дно. Ако имаш пообилна меструација, оваа големина ќе биде токму за тебе.

ОСЛОБОДИ СЕ

  • 100% медицински силикон
  • Совршена за кориснички со повисок цервикс
  • Покрива од најлесна до најобилна менструација
  • Здрава и безбедна – нема мирис, сувост или иритација
  • Раб што спречува излевање и дршка за полесно отстранување
  • До 8 часа заштита без проблеми
  • Доаѓа во две големини, А и Б
  • Се употребува многукратно и е еколошко решение за циклусот
Да ти биде удобно е неопходност

Твојот водич за користење

1. Свиткај

Сплескај го отворот со повисокиот дел од работ завртен спротивно од тебе. Потоа само свиткај ја чашката вертикално.

2. Вметни

Исто како со тампон, насочи ја чашката кон крајот на ‘рбетот и вметнувај ја нагоре додека да влезе дршката за отстранување. Високиот раб на чашката треба да биде кон грбот.

3. Намести

Со прстот помини околу чашката за да се осигураш дека е целосно отворена. Доколку е, значи дека е правилно наместена и може да ја носиш до 8 часа.

4. Отстрани

Нежно истуркај ја чашката, фати ја дршката и полека повлечи надолу. Штом можеш да ја почуствуваш основата на чашката, стисни ја за да го ослободиш вакуумот. И – viola!

TOP